ОН: До 2050 година на Земјата ќе има повеќе од 9 милијарди жители

од desk2

Индија за седум години ќе ја надмине Кина по бројот на жители, а се очекува Нигерија пред 2050 година да стане трета најнаселена земја во светот и да ги претекне САД, се наведува во извештајот на Обединетите нации.

Според извештајот на Економскиот и социјалниот комитет на ОН, светската популација од сегашните речиси 7,6 милијарди луѓе ќе достигне 8,6 милијарди до 2030 година, 9,8 милијари до 2050 г. и на 11,2 милијарди до 2100 година.

Бројот на жители на Земјата секоја година се зголемува за 83 милиони луѓе. Ваквиот тренд, според ОН, ќе продолжи и покрај фактот што од 1960-тите фертилитетот континуирано се намалува.

Директорот на секторот за популација, Џон Вилмонт, изјавил дека вклучува иноформации за популацијата на 233 земји во светот. Вилмонт вели дека бројот на жители во Африка брзо се зголемува, додавајќи оти се очекува до 2050 година половина од светската популација да живее во овој дел од светот.

Според него, може да се очекува намалување на бројот на жители во Европа. Половина од светската популација до 2050 година ќе биде сконцентрирана во само девет земји – Индија, Нигерија, Конго, Пакистан, Етиопија, Танзанија, САД, Уганда и Индонезија.

Слични содржини