ОН, ЕУ и СБ: Итно да се преземат активности за намалување на ризикот од природни непогоди

од Vladimir Zorba
Важно е да се гледа подалеку од помошта што се дава во вонредни состојби и санацијата на штетата и да се согледа коренот на причините за катастрофите, порачуваат од Обединетите нации, Европската унија и Светската банка, информира 24Вести.
Ова значи да се осврнеме на недостатоците во инфраструктурата за заштита, како што се одводните канали и системи.
Да се смени однесувањето на населението, да се спречи депонирањето на отпаден материјал во одводните канали и коритата и да не се градат објекти во делови каде постои висок ризик од поплави.
А ,ова значи и воспоставување на системи за рано предупредување кои можат да алармираат брзо за опасност од поплави од пороен дожд.
Тим на трите организации работи на проценка која се очекува до септември годинава. Стратегијата за обнова ќе ги идентификува итните приоритети и ќе даде детална проценка на трошоците, обезбедувајќи рамка за донаторска поддршка се наведува во писмената изјава.
 Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини