ОН забележува влошување на хуманитарната ситуација во источна Украина. Според последниот извештај светската организација има недостиг на снабдување со храна и медицински препарати.

2110388219

Извештајот се фокусира на влошувањето на ситуацијата во источна Украина особено во контролираните од владините сили подрачја каде жителите немаат пристап до социјални плаќања и услуги од декември минатата година.

Во текстот се наведува дека транспортните ограничувања воведени од владата на Украина, се причина за одложувања на испораките на хуманитарна помош.

Документот цитира еден неодамнешен извештај на “Хјуман рајтс воч”, во кој се истакнува дека пациенти на третман за ХИВ, туберкулоза и супституциона терапија немаат редовен пристап до виталните лекови.

Во исто време се забележува акутен недостиг на средства за хуманитарна помош. Претходно ОН ја претстави програмата за 2015 година, која опфаќа 3,2 милиони Украинци. За нејзиното реализирање се потребни 316 млн. Долари. Од оваа сума, според документот, беа собрани само 15%.

Слични содржини