ОН и НАТО: Каталонското прашање да се реши во рамки на шпанскиот Устав

од Vladimir Zorba

  Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш смета дека какви било разговори за распределба на надлежностите остануваат внатрешно прашање на Шпанија, изјави неговиот портпарол Фархан Хак.

Тој нагласи дека „генералниот секретар ги охрабрува сите страни да најдат решение во рамки на шпанскиот Устав и врз основа на вообичаени политички и легални начини“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така, оцени дека „прашањето за Каталонија мора да се реши во рамки на шпанскиот уставен поредок“.

– Шпанија е посветен сојузник кој значајно придонесува за нашата безбедност, напиша Столтенберг на Твитер.

Слични содржини