ОН заврши со разоружувањето на колумбиските бунтовници од ФАРК

од Vladimir Zorba

   ОН  вчера заврши со уништувањето на илјадници оружје и муниција, кои и припаѓаа на демобилизирани левичарските бунтовници од колумбиската група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), пренесува БТА.

Шефот на мисијата на ОН во Колумбија Жан Арно синоќа изјави дека меѓународните набљудувачи од бунтовниците во земјата собрале вкупно 8.994 парчиња огнено оружје и над 38 тони експлозив . На синоќешната церемонија присуствуваше претседателот на земјата Хуан Мануел Сантос, но не и лидерите на ФАРК.

Тим од 15 германски специјалисти ги сечеше металните оружје во текот на шест недели, за да се осигура дека тие никогаш нема да можат повторно да бидат употребени.

Слични содржини