Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека за Косово нема друг пат освен да го формира специјалниот суд за воени злосторства извршени од ОВК, оценувајќи дека поинаков исход би бил исклучително опасен за Приштина.

kosovo_policija_anadolija_main

Тој истакна дека доколку косовското Собрание го формира специјалниот суд, тоа ќе може по пет години повторно да се изјасни за тоа дали сака судот да продолжи со работа.

– Тоа значи дека косовските институции би биле тие кои би одлучувале. Во спротивно на Косово му се заканува голема опасност, додаде Мустафа.

Тој нагласи дека тврдењата за воени зосторства мораат да се испитаат и потсети дека меѓународна обврска на Приштина е да се истражат тврдењата од извештајот на специјалниот известувач на Парламентарното собрание на Советот на Европа Дик Марти и извештајот на обвинителот Клинт Вилијемсон.

Мустафа најави дека за формирање на специјалниот суд ќе разговара со сите парламентарни групи./MIA

Слични содржини