Опасно: Климата внесува отровни гасови во автомобилите при застои

од Vladimir Zorba

Затворените прозорци и вклучената климатизација го засилуваат максимално влијанието на токсичните гасови во патничкиот простор кај автомобилите, пишува магазинот “Environmental Science: Processes & Impacts”, цитирано од БГНЕС. Вклучената клима ги внесува токсичните соединенија во внатрешноста на автомобилот.

1472188708-kli

Освен тоа, при запирање на црвено автомобилските мотори со внатрешно согорување поминуваат низ различни циклуси – празен òд, зголемување и намалување на брзината.

Научниците открија дека високата концентрација на токсични материи во автомобилот се обезбедува благодарение на многу загадениот воздух надвор, отколку оној во кабината.

На семафорите се собираат и други автомобили кои исфрлаат уште потоксични соединенија. Во воздухот се акумулираат штетни супстанции кои се расејуваат премногу бавно.

“Ако е можно, да задржете ги прозорците затворени и не вклучувајте клима уред. Во исто време зголемувајте го растојанието помеѓу вас и автомобилот кој застанал пред вас “, препорачува автор на студијата.

Овие мерки ќе го намалат контактот со отровните гасови со 76%. Според податоците на Светската здравствена организација во Европа само во 2012 година поради болести поврзани со загадувањето на воздухот, починале над 400 000 луѓе. Уппаднатите во метеж се подложени на 29 пати поинтензивно дејство на штетни материи отколку возење на отворени патишта, дури и со не многу голема брзина.

Слични содржини