Опасно време! И без платформата, процесите би биле закочени од оние кои не сакаат да заминат од власта!

од Vladimir Zorba

Денеска е 110-иот ден откако заврши верификацијата на пратеничките мандати, а сѐ уште трае конститутивната седница и не е избран претседател на парламентот.Во меѓувреме на Балканот се експлоатира предизборното  интервју на Еди Рама , и се „пумпа“ во тој контекст албанската , тиранската или големоалбанската платформа. Се разбира се тоа како ураган дува од Русија преку Србија до Македонија.

„Од некои балкански политики и политичари боли глава“, вели професорката Мирјана Малеска, во анализа на DW, посочувајќи дека за ЕУ да ги отвори вратите и земјите аспиранти за членство треба да покажат конкретни резултати.

„Еди Рама за ‘Политико’, изјавува дека обединувањето со Косово не е негова желба, но дека е алтернатива (a little union) доколку вратите на ЕУ се затворени. Значи, ЕУ треба ширум да ги отвори своите врати, а Еди Рама и сличните на него политичари во Србија, Косово, БиХ или Македонија ништо да не направат од нивна страна! Напротив, корупцијата и слабиот квалитет на демократијата не ги засега премногу; изборите никогаш не ги водат чесно до крај; не се подготвени мирно да ја предадат власта откако изгубиле на избори… Од друга страна, во нивната немоќ или несакање да ги променат работите на подобро, подгреваат национализам, ги одржуваат во живот опасните идеи за обединување на народи и територии и се закануваат дека ќе ѝ направат на Европа ‘ноќен кошмар’, ако Балканот ‘полуди’! Национализмите се како врзани садови: доволно е едно бранче, за да се крене непријателството кај другите. На крај, некој огромен бран ќе нѐ потопи сите заедно“, предупредува професорката.

За блокадата на парламентот,  Малеска за Дојче Веле вели дека и без платформата, процесите би биле закочени од оние кои не сакаат да заминат од власта.

„Вистина е дека ‘албанската платформа’ ја држи подотворена вратата на идните прекројувања на балканските граници, со оживување на старата идеја за државотворен народ.

Но и да не беше така, македонските националисти, кои не ги испуштаат лостовите на власта, за да не бидат обвинети за тешка корупција и кршење на човековите права, ќе најдеа друг изговор да ја продолжат кризата и да предизвикаат меѓуетнички конфликт.

Живееме во опасно време. Извесна надеж лежи во тоа што се зголемува опозицијата потив корумпираната власт, која останува сѐ повеќе меѓународно изолирана и нелегитимна“, оценува Малеска за Дојче Веле.

Опстојбата и излезот се едноставни: „Демократија. Устав. Европа. Почитувањето на овие три работи ќе ја однесат Македонија напред“, напиша Билт на својот  твитер-профил по вчерачната посета на Македонија. Сепак за спинерите, фејк медиумите , балканските вечни политичари- владетели  е клучна изјавата на Еди Рама и тоа вон контекст, ако се може.

Ад

 

 

 

Слични содржини