Операција “Тантал”: Интерпол пресече меѓународна педофилска мрежа, упасени 38 лица

од Vladimir Zorba

Полицијата пресече онлајн педофилска мрежа која користела апликацијата WhatsApp, за да шири детска порнографија, соопштија Европол и Интерпол. Уапсени се најмалку 38 осомничени во повеќе од 10 држави во Европа и Латинска Америка.

Во координирани акции на крајот на март биле претресени домови и се запленети стотици уреди на кои се чувало детска порнографија. Полициските операции беа спроведени во Јужна и Централна Америка, во Германија, Италија и Шпанија. “Криминалците имаат корист од модерната технологија, за да не бидат фатени од органите на редот”, рече директорот на Европол, Роб Вајнрајт.

Операција “Тантал” започна во средината на 2016 од шпанско полициска единица за борба со високотехнолошки злосторства што се насочува кон мрежата за енкрипција Тор, користена од криминалци за да камуфлира идентитет. Шпанските иследници откриваат линкови кои се директни корисници на мали групи во апликацијата WhatsApp. Таму имало 25 групи, кои во моментов се испитуваат.

Во нив може да се придружиш, само ако бидеш поканет. Координаторот на Интерпол за злосторства против децата Бјорн Селстром изјави дека таквите операции испраќаат силен сигнал дека полицијата низ целиот свет ќе продолжи со заеднички напори за да изведе пред лицето на правдата оние кои учествуваат или извлекуваат полза од ужасни злосторства против деца.

Слични содржини