Опседнатите со селфи имаат психичка дијагноза

од desk2

Истражувачите тврдат дека луѓето опседнати со правење селфи имаат психичка дијагноза наречена селфитис. Како што велат постојат три вида на ова нарушување.

Првиот ги опфаќа луѓето кои се сликаат себеси неколку пати дневно, без да ги објават фотографиите на друштвените мрежи. Вториот е акутен, се сликаат себеси до неколкупати, во денот и ги објавуваат фотографиите на друштвените мрежи. А третиот тип е неконтролирано се фотографираат и сите селфи фотографии ги објавуваат он лајн, барем шест пати дневно.

Терминот селфитис се појави прв пат во 2014 година во новинарски текст, во кој се предлага американската психијатриска асоцијација да размисли да го смести селфитисот во нарушувања.

Потоа направени се истражувања и утврдено е дека селфитисот навистина постои. Испитани се 400 луѓе во Индија, земја во која повеќето имаат Фејсбук профил. Воспоставена е скала на однесување при правење селфи со следење на самодовербата, барање внимание и социјална конкуренција.

Во труд објавен во меѓународно списание за ментално здравје и зависност се вели дека како и зависноста од интернет и селфито почнало како забава но истражувањето емпириски потврди дека нарушувањето постои.

Слични содржини