Општина Богданци го повлекува одобрението дадено за рудникот Казандол

од Vladimir Zorba

Богданци го повлекува одобрението дадено за рудникот Казандол. На последната седница на советот, донесена е одлука дека врз основа на резултатите од референдумот, општината треба да го повлече позитивното мислење за овој рудник. Одлуката ја испратиле до надлежните министерства и очекуваат одговор. Граѓанските активисти против рудникот апелираат Владата што поскоро да се изјасни и да не тактизира.

Во Дојран, претседателот на советот сеуште се нема изјаснето по барањето на советниците на Сдсм да се свика итна седница и да се вметне прашањето за рудникот Казандол на референдумот на 23 јули. И валандовскиот совет треба да свика седница, за распишување референдум за Казандол.

Инвеститорот во Казандол, компанијата Сардич Мц, смета дека голем дел од актвистите го нарушуваат угледот на нивната компанија со тоа што користеле паушални и неточни обвинувања говорејќи за штетните последици од работата на рудникот. Поради тоа досега испратија опомени пред тужба на неколку активисти.

Извор: Телма

Слични содржини