Педесеттина лица вработени во општина Центар од утринава започнаа со чистење на трите гаражи во делот кај ПС Беко.

Cistenje garazi - PS Beko (12)

Овие гаражи со години беа огромен проблем на станарите, а за што на синоќешната средба му се пожалија на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Се вади целиот смет од гаражниот простор и се носи на соодветно место за складирање.

Општина Центар комплетно ја менува електричната инсталација во гаражите, бидејќи на некои места таа е целосно откорната, а се поставуваат и нови светилки.

Во понеделник, по комплетното чистење на гаражите, ќе се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на комплетниот простор, во и околу гаражите.

Слични содржини