Општина Центар бара дивите препорадавачи на Зелен пазар да ги отстранат тезгите

од Vladimir Zorba

Општина Центар бара од лицата кои вршат незаконска продажба на имровизирани тезги околу зелен пазар да ги отстранат. Доколку не го сторат тоа најавуваат дека ќе се делува огласно законските прописи и ќе се изрекуваат казнени мерки.

Ваквата одлука произлегува од координативниот состанок со претставници на Министерството за внатрешни работи, Сообраќајната полиција, Секторот на инспекторат на Град Скопје, Државниот пазарен инспекторат и Јавното претпријатие за јавни паркиралишта, на иницијатива на инспекциската служба на општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски.

Како што соопштуваат од Општина Центар, овие активности се преземаат по барање на жителите од околината.

– Овие импровизирани тезги беа поставени над тротоарите и тревниците. Жителите до градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, се пожалија и на нехигиената од ѓубрето кое го оставаат зад себе дивите пазарџии, како и блокираните пристапи до домовите, подрумските простории, гаражите и блокираните тротоари и улици, наведуваат во соопштението.

Целта, како што стои, е да се заштитат граѓаните од купување сомнителни производи без декларации, од уништувањето на јавните површини и за да можат граѓаните слободно да се движат.

Општина Центар ги поддржува и ќе учествува во сите активности и мерки донесени на состанокот за успешно надминување на состојбата со и околу “Зелен пазар”, во рамките на своите надлежности.

Слични содржини