Општина Центар ги сопре градежните активности на кејот на Вардар (Видео)

од Vladimir Zorba
Овластен градежен инспектор од општината Центар издаде решение за стопирање на сите градежни активности на кејот на Вардар.
„На градилиштето нема информативна табла кој е инвеститор, изведувач и надзор, нема податоци за одобрена техничка документација и одобрение за подготвителни работи“, велат од општина Центар.
Градоначалникот на општината, Андреј Жерновски, претходно од првиот човек на град Скопје, Коце Трајановски, побара да ја повлече, како што вели, незаконската одлука за изградба на улица на кејот на Вардар. Угостителите, пак, велат дека стравуваат дека во наредните  денови ќе треба да ги затворат објектите./24вести

Слични содржини