Расте дипломатскиот притисок врз политичките партии за имплементација на договорот за излез од политичката криза.

68B1CDA5-3D6A-4E32-9F3E-3AD423ACDECD_cx0_cy8_cw0_mw1024_s_n_r1

Како што пренесува Либертас повикувајќи се  неофицијални извори на Плусинфо , евро амбасадорот   Аиво Орав вчера до пет часот изутрина имал состанок со целиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на којшто објаснувал зошто е важно да се почитува Договорот од Пржино.

Тој потоа имал состанок и со раководството на СДСМ, а средбите продолжуваат и во текот на денешниот ден. Дали ова ќе даде некаков резултат засега е неизвесно. Во која насока ќе се одвиваат работите, се очекува да биде појасно утре, кога премиерот Никола Груевски се враќа од Обединетите арапски емирати.

Од мисијата на Европската Унија во Скопје не ја потврдуваат ниту демантираат информацијата дека евроамбасадорот имал средба со целиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Меѓународната заедница, вклучувајќи ја и делагацијата на ЕУ во Скопје, прави се за да се помогне имплементацијата на договорот потпишан на 15 јули од политичките партии, како и од делегацијата на ЕУ и амбасадата на САД – велат од делегацијата на ЕУ,

На прашање на „Мета“ дали во билатералните средби што посредникот ги има со партиите поголем е притисокот кон ВМРО-ДПМНЕ, Котевски вели дека за да го коментира тоа треба да знае дали и каков притисок има во таборот на СДСМ и за ова прашање повторно упатува на Ван Хауте.

Иако се очекуваше денеска да биде затворен извештајот за напредокот на Македонија и да биде решено дали препораката за членство ќе остане или не, што се поврзуваше со имплементацијата на Договорот од Пржино, сепак процесот веројатно ќе добие уште една недела, бидејќи има најава дека Европската комисија ќе го одложи извештајот за Турција, па во таа насока ќе се почека да се види дали има можност Договорот од Пржино да преживее.

Белгискиот посредник Петер Ван Хауте во последната изјава дадена вчера попладнето порача .дека во интерес на сите граѓани на Република Македонија е да се продолжи со имплементација на прашањата опфатени во Договорот од Пржино, за да не се загрози интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ.

– Сметаме дека треба да се избегне какво било одложување на спроведувањето на Договорот. Земајќи ги предвид последните случувања, политичката работна група се договори да се фокусира на билатерални средби, со цел да се решат двете клучни прашања: изборот на преостанатите јавни обвинители во специјалното обвинителство, како и именувањето на министри и заменици-министри во Владата. Откако ќе се постигне договор, ќе се свика средба со политичката работна група која официјално ќе ги одобри одлуките кои се донесени за време на билатералните средби – рече Ван Хауте.

Доколку има напредок, ќе се одржи средба со политичката работна група која ќе ги одобри одлуките донесени на билатералните средби.

– Сметаме дека треба да се избегне какво било одложување на спроведувањето на Договорот. Земајќи ги предвид последните случувања, политичката работна група се договори да се фокусира на билатерални средби, со цел да се решат двете клучни прашања: изборот на преостанатите јавни обвинители во специјалното обвинителство, како и именувањето на министри и заменици-министри во Владата. Откако ќе се постигне договор, ќе се свика средба со политичката работна група која официјално ќе ги одобри одлуките кои се донесени за време на билатералните средби – соопшти Ван Хауте.

Либертас

 

Слични содржини