Медиумите во земјата треба да одиграат важна и непристрасна улога во периодот што следува особено во изборниот процес вели евроамбасадорот Аиво Орав. Тој порачува дека со нивна помош треба да се надмине политичката криза и дека медиумите треба да бидат  главен двигател на демократијата во земјата а тоа треба да го обезбеди и самата држава. медиуми

За вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими пак ова е работа на која треба да поработат сите засегнати страни и чинители. Осврнувајќи се на актуелната состојба во земјава дел од познавачите на проблематиката пак велат дека ако се погледнат извештаите на меѓународниот фактор земјата уназадува во делот на слободата на говор во медиумите, и ако се направи споредба со полседниот извештај се иназадува уште еден чекор наназад.

Слични содржини