МРТ пренесе интервју со евроамбасадорот во земјава, г-дин Аиво Орав. Ви пренесуваме дел од него:

орав

Македонија сега ја чека многу работа. Потребно е спроведување на низа рефпрми. Кои се приоритетите кои сега треба да ги имплементираат политичките партии?

Би ги распоредил во два сета. Прв приоритет е спроведувањето на договорот од 2. јуни и од 15. јули. Има многу критични прашања кои партиите може да ги протолкуваат на различни начини. Едно од критичните е специјалниот обвинител. Специјалниот обвинител со целосна автономија треба да биде назначен до 15. септември. Се надевам дека партиите ќе најдат решение самите, но ако има потреба, можеме да помогнеме повторно. Второ критично прашање е датумот 20. октомври, кога треба да бидат назначени двајца нови министри и петмина заменици министри. Најкритично е изгледа Министерството за внатрешни.

За реформите… ЕУ ѝ достави на земјава два важни документи. Првиот се итните реформски приоритети, а вториот е познат како „Извештајот на Прибе“, извештај што јасно кажува што треба да направи земјава итно бидејќи беше изгубено многу време. Воспоставивме работни групи, учествуваат четирите партии, почна со лидерските средби на четирите големи партии, во работата учествуваат ЕУ и САД и сега работните групи треба да ги почнат овие реформи најскоро што може, поточно веднаш.

Повеќе ТУКА

Слични содржини