Унгарскиот популистички премиер Виктор Орбан осуди заканата на Европската унија да воведе санкции против Унгарија поради влошената ситуација со човековите права во земјата и повторно го обвини роден во Будимпешта финансиер Џорџ Сорос дека ги  “влече конците” во Брисел , пренесува “Франс прес”.

Милијардерот филантроп често е обвинуван од екстремниот Орбан во последните две години во мешање во работите на Европската унија преку поддршка за отворени граници и политики и организации за поддршка на бегалците .

Европската политика е извртена … Суштината на Европа не е во Брисел, туку во земјите членки и ако институциите не ги почитуваат земјите членки, тоа е обесхрабрувачки “, коментира Орбан во интервју за државното радио.

Последниот  напад на силниот човек во Унгарија доаѓа откако Европскиот парламент во средата усвои резолуција Европската комисија да ја активира правна процедура позната како чл. 7 од Лисабонскиот договор и која може да доведе до одземање на гласот на Унгарија во Европскиот совет.

Иако доведена  до крај, а оваа постапка е практично  е невозможно,  а Орбан  ја “зеде на нишан” резолуцијата на Европскиот парламент , нагласувајќи дека таа била ” белег за погрешна политика “.

Според Орбан вистинската причина која стои зад усвојувањето на резолуцијата, бил проблемот со миграцијата .

Будимпешта и Брисел се во конфликт поради цврстата позиција на Унгарија по прашањето со мигрантите, идентификувани од страна на Орбан како “тројански коњ на тероризмот”.

Унгарскиот премиер го обвини Сорос дека оркестрира “група со интелектуален, политички и економски интерес во Европа”, кој сака да го  поплави континентот со стотици илјади мигранти .