Орбан и Унгарците им го покажаа средниот прст на ЕУ за бегалците

од Vladimir Zorba

Судбоносна референдум се одржува во Унгарија во неделата

Во неделата во Унгарија ќе се одржи референдум, кој и се заканува на  целата Европска унија со непредвидливи последици, пишува “Коммерсант”.Експертите го прифаќаат како најсериозен тест за единството на блокот по Брекзита.
Унгарците ќе треба да одговорат на прашањето дали прифатќаат задолжителното распределба на мигрантите во земјите од ЕУ.

Референдумот може да се претвори или во пораз, или во триумф за премиерот на земјата Виктор Орбан. Според последните анкети 78% од граѓаните на Унгарија ќе гласаат против систем за квотите и само 3% би го  поддржале.

Всушност клучното прашање не е во тоа како ќе гласаат Унгарците, туку колку од нив ќе одат да го дадат  својот глас. За да победи премиерот е потребно одѕивот да надмине 50 отсто.
Формулација на прашањето, сепак загрижува некои експерти, според кои таоа не е коректно. “Всушност, Унгарците треба да изберат меѓу Европската унија, кој се поврзува со бегалците и националниот парламент, кој се поврзува со Орбан.

Самата тема за мигрантите оди на втор план “, изјави Игор Грецкиј, доцент на катедрата за меѓународни односи на Санктпетербуршкот државен универзитет.

Слични содржини