Ордановски и Ангелов: Вчерашните нереди се голем срам за Македонија

од Vladimir Zorba

Однапред подготвено сценарио, планирано поодамна, од кога во ДПМНЕ се посомневаа дека парламентарното мнозинство на овој начин ќе изгласа претседател на Собранието. Вака поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов го коментира за ТВ21 вчерашното насилство врз дел од пратениците. Според него однапред било договорено полицијата да ги пушти демонстрантите. Ангелов вели дека лицата кои ги нападнаа пратениците се локални насилници од Скопје, а можеби и од други градови.

„Нападот врз пратениците, генерално се одвиваше од нивна страна, од тие 20-30 луѓе, а повлечени од нив во нападот се вклучија и неколку обични демонстранти, кои што не беа свесни дека сето тоа е организирано“, изјави Стојанче Ангелов – поранешен полициски Генерал.

Гостин во отвореното студио на ТВ 21 беше и политичкиот аналитичар Сашо Ордановски кој истакна дека од моментот на нападот на пратениците од парламентарното мнозинство се губи секоја смисла, Заев да бара мандат за Влада од Иванов.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини