Орландо Блум ја замени Пери со Нина Добрев?

од Vladimir Zorba

Нина Добрев и Орландо Блум веќе не се само пријатели. Но, дали навистина имаат врска, сè уште никој од нив не потврдил официјално. До неодамна и двајцата не беа врзани, но од неодамна тие се двојка, откри извор на списанието People. “Тие се познаваат веќе некое време. Неодамна се повеќе од пријатели. Сè е супер лежерно” , изјави изворот. Сепак изворот додаде дека Блум бил забележан на забавата на фестивалот Coachella со жена која не е Добрев.

Ѕвездата на „Дневниците на вампирот“ исто беше присутна на фестивалот и двајцата требаше да го посетат неонскиот карневал во саботата вечер.

Изворот на People раскажа дека Блум разговарал со моделот Ешли Хас, додека Добрев се забавувала на кратко растојание, но тоа не значи дека Блум бил груб кон Добрев, туку дека меѓу нив сè е сосема необврзувачко.

Според друг извор, сепак двајцата не се заедно и Блум “не сака пријателка и се насладува на тоа дека не е врзан” . “Орландо се справува одлично” , додаде изворот, “оди на состаноци и се забавува. Со Нина се познаваат одамна и си поминуваат одлично.

” Ѕвездата од “Пиратите од Карибите”  открива пред Elle UK за разделбата со Кејти Пери и раскажува дека успеале да останат пријатели. “Пријатели сме и тоа е добро” , рече 40- годишниот Блум. “Сите сме возрасни луѓе. Не мислам дека некој е заинтересиран како се справувам. Ниту пак таа. Тоа е меѓу нас. Подобро е да дадеме пример на децата и да им покажеме дека разделбите не се нужно поврзани со омраза“

 

Слични содржини