Орландо Блум не е поканет на свадбата на бившата Миранда Кер

од Vladimir Zorba

Деновиве Миранда Кер ќе организира раскошна свадба со милијардерот Еван Шпигел, творец и извршен директор на Snapchat. По сè изгледа, сепак, дека поранешниот сопруг на убавицата Орландо Блум, од кого таа има момче, нема да присуствува на церемонијата.

Двајцата се во многу добри односи, но сепак 40-годишниот актер не добил покана за церемонијата.

“Не сум поканет, но ако сепак се одлучи да ми испратат покана, ќе ми биде драго да отидам. Односите ни се многу хармонични”, изјави во интервју Блум. И додаде: “Во секој случај ќе го следам Snapchat-oт“.

Слични содржини