Во вчерашната емисија “Само вистината” за скандалот  со прислушувањето објаснуваа екс директорот на УБК Горан Митевски и професор др. Владимир Пивоваров.

УБК, според нив, со промена на членот 175 од Законот за комуникации во времето на ВМРО ДПМНЕ на нивна иницијатива добила единствена можност да прислушува а да нема потреба да добива судски налог.

 -УБК- рече Пивоваров – како нигде во светот ја добила можноста и да биде сопственик дури и на снимките на јавните камери и ако сакала можела да ги даде а најчесто и не ги давале. Тогашниот премиер Груевски секој ден добивал анализа од прислушуваните лица- функционерите на опозицијата,новинари и јавни личности критичари на тогашната власт. Низ судска процедура граѓаните што ќе бараат одштета заради тоа што биле прислушувани согласно промените во законот нема да можат да добијат одштета од мобилните оператори туку од државата.

Пивоваров истакна дека праведно е одговорните односно наредбодавците кои кажувале кој да се прислушува се знаат.тоа се врвот на тогашниот МВР и логично е тие да ја плакаат отштетата, а тие имаат за да платат. И Пивоваров и Митевски ја исклучија можноста прислушкување да правеле странски слушби туку тоа го правеле исклучиво УБК по наредба на тогашните функционери. Погледнете ја во целост емисијата “Само вистина”.