Оштетувањето е основната верзија на руските власти за несреќата на патничкиот авион Ербас А321, соопшти рускиот министер за транспорт Максим Соколов. Тој ги негираше информациите дека “Исламската држава” го соборила авионот.

000b5107-642

“Врз основа на контактите со египетските власти, информациите дека авионот бил соборен не се веродостојни”, рече Соколов.

Во неделата руските медиуми објавија изјава на сопругата на вториот пилот на авионот Сергеј Трукачев – Наталија. Во интервју за руската НТВ, таа вели дека сопругот се пожалил за лошата состојба на авионот.

Според нејзините зборови тој се слушнал со нивната ќерка непосредно пред полетувањето и и споменал за недостатоците со техничката состојба кои ги забележал. Авионот Airbus A321-бил стар повеќе од 18 години.

Според властите во Египет, непосредно пред да изгуби контакт со авиодиспечерите, првиот пилот партил сигнал за техничка неисправност и побарал принудно слетување на најблискиот аеродром.

Сепак причините се трагичната несреќа остануваат нејасни. Рускиот патнички авион со 224 патници се урна во планинска месност на египетскиот полуостров Синај само 23 минути откако полета од локалното одморалиште. Сите патници загинаа.

Во соопштението авиокомпанијата “Когалимавиа” напиша дека авионот бил во “добра форма”, а капитенот Валери Немов бил со богато летачко искуство. Тој имал 12 000 часа минати во воздух, од кои 3860 како капетан на A321.

Откако вчера “Исламскта држава” ја презеде одговорноста за несреќата, неколку од најголемите авиокомпании во Европа најавија дека ги запираат летовите над реонот од безбедносни причини.

Досега вооружените групи во Северен Синај не стрелале ниту кон еден патнички авиони, ниту пак кон воени. Неодамна локалните медиуми објавија дека тие се здобиле со рачни анти-авионски проектили, но тие можат да се користат само против хеликоптери, или авиони кои летаат ниско.

Рускиот патнички авион летал на околу 8.000 метри, кога го изгубил контактот со диспечерите.

Слични содржини