Осло забрани дизел автомобили

од Vladimir Zorba

Од утре во норвешката престолнина Осло се забранува движењето на дизел автомобили. Мерката се презема во обид да се запре силниот загадување на воздухот во градот.

Забраната ќе важи до четврток. Таа се однесува за општинските патишта, како и за големите национални патишта, кои минуваат низ норвешката престолнина. Се очекува за овој период од 2-3 дена временските услови да се подобрат значително и да не се наметнува продолжување на забраната. Казната за прекршување е 166 евра.

За првпат Осло воведува таква забрана, чиј принцип беше одобрен пред една година. Иако испуштаат помалку јаглерод диоксид, дизел моторите исфрлаат повеќе азотен диоксид, мотивирани се при гласањето општинските советници во норвешката престолнина.

Забраната предизвика остра реакција кај многу од возачите. Тие потсетија како пред години државата ги охрабрувала да купуваат токму автомобили со дизел мотори.

Франција исто така зеде строги мерки во борбата со загадениот воздух. Од денес сите моторни возила на територијата на Париз се должни да се движат со ековинетки. Освен тоа беше забрането движењето на автомобили произведени пред 1997 година

Минатата година Германија побара од 2030 година ЕУ да забрани пуштање во употреба на автомобили на бензин и дизел.бата против тероризмот.

Слични содржини