Во НБА лигата ноќеска се одиграат седум натпревари, а првакот Голден Стејт ја продолжи победничката серија откако и во осмиот натпревар се радуваше на триумф. Пред своите навивачи совладан беше Детроит со 109:95.

golden-state-warriors-nba-basketball-happiness

„Првиот“ играч на домашните Стеф Кари постигна за него „скромни“ 22 поена, но затоа од клупата Андре Игудала и Леандро Барбоса заедно запишаа 23 и со најефикасниот Клеј Томсон донесоа максимален учинок на својот тим.

Кај Детроит Андре Драмонд уште еднаш имаше „дабл-дабл“ учинок 14 поени и 15 скокови, додека најпрецизни беа Реџи Џексон и Стенли Џонсон со по 20 поени.

Резултати на ноќеска одиграните дуели:

Голден Стејт – Детроит 109:95,
Индијана – Орландо 97:84,
Филаделфија – Чикаго 88:111,
Атланта – Минесота 107:117,
Денвер – Портланд 108:104,
Сакраменто – Сан Антонио 88:106,
ЛА Клиперс – Мемфис 94:92.

Вечерва се играат седум натпревари.

Пласман Источна конференција: Кливленд 6-1 (победи-порази), Атланта 7-2, Торонто 5-2, Детроит 5-2, Чикаго 5-3, Милвоки 4-3, Мајами 4-3, Индијана 4-4,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 8-0, Сан Антонио 5-2, ЛА Клиперс 5-2, Минесота 4-2, Јута 4-2, Хјустон 4-3, Оклахома Сити 4-3, Далас 3-3,/МИА

Слични содржини