Османи: Без Македонија не е можен кредибилен процес на проширување на Унијата

од desk2

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, задно со Министерот за надворешни Работи, Никола Димитров, во рамките на посетата на Брисел, имаа работна средба со Потпретседателката на Европската Комисија и Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, каде беа отворени темите за проширувањето на Унијата, предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот, како и севкупните предизвиците со кои се соочува континентот.

На средбата Османи посочи на успешната реализација на Планот 3-6-9, кој очекува, до крајот на неговата имплементација, истиот во целост да ги одрази барања на Унијата за реформи во Македонија кои во соодветен рок би биле имплементирани.

Натаму, Османи ја пренесе интенцијата на Владата, храбро и позитивно да се посвети на заторањето на сите отворени политички прашања, како што и спорот со Грција за употребата на уставното име на Република Македонија. Во тој контекст, Османи посочи и на очекувањата на Владата, но и на граѓаните на Република Македонија, за конретни чекори од стана на Унијата, кои би биле во насока на визибилноста на европските перспективи на Македонија.

Османи го посочи и ставот на Претседателот на Европската Комисијата, Жан Клод Јункер, кој во своето годишно Обраќање до Унијата, потенцираше дека за безбедна Европска Унија, потребно е да се одржи кредибилен процесот на проширување на Унијата со земјите од Западниот Балкан.

Тоа, смета Османи, нема да биде можно доколку Комисијата не ја вметне и Македонија во својата стратегија за проширувањето на Унијата до 2025 година, која би се изготвила на почетокот на идната година, но и со останатите конкретни чекори кои би претставувале оснава за натамошно зацврстување на европскиот оптимизам во земјата и во регионот.

„Не е возможно да има кредибилност на процесот на проширување, без Македонија да биде дел од Стратегијата на Европската Комисија за проширувањето на Унијата“ – истакна Османи.

Тој додаде дека се создадени соодветни услови за 2018 година да биде историска година за Македонија од аспект на евроатлантските амбиции, за кога очекува да се постигне напредок кој ќе го затвори прашањето за ЕУ и НАТО во Македонија. Тоа потенцираше Османи, е важно за Унијата да може полесно да се справи со новите предизвици, уште поважно за стабилноста на регионот, а најважно за Република Македонија, која не смее да си дозволи да го пропушти овој моментум на европски оптимизам.

Во рамките на посетата, Османи и Димитров имаа работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, каде реферираа за напредокот во исполнувањето на обврските кои потекнуваат од евроитегративните процеси, како и средба со Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан. Во агендата на Османи има и обраќање пред независниот тинк-тенк институт, Европски центар за политика (EPC), на тема, „Планот 3-6-9: понатамошно унапредување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ“, а на маргините на посетата на Брисел, Османи ќе оствари средба и со Директорката за Западен Балкан во ГД НЕАР, Геновева Руиз Калавера.

Слични содржини