Османи: Македонија и Албанија да се најдат на распоредот за проширување на ЕК

од desk2

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата на Република Албанија на  средба со албанскиот министер за Европа и надворешни работи , Дитмир Бушати, разговарал за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, како и предизвиците со кои се соочуваат на патот кон ЕУ.

– Сакаме јасно да истакнеме дека не постои кредибилност на процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, без јасни перспективи за напредок на европските интеграции за Македонија и Албанија – рекол Османи.

Османи додава дека и Македонија и Албанија заслужуваат соодветно место во Стратегијата за проширување на Европската комисија, најавена од нејзиниот претседател Жан Клод Јункер, а која се очекува да биде објавена на почетокот на февруари.

Османи и ена мини балканска турнеја, а по посетата на Грција и АЛбанија се очекува да замине за Белград, па за Софија.

Слични содржини