Османи: Подготвени сме да ги дочекаме клучните датуми за евроинтеграцијата

од desk2

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со Геновева Руиз Калавера, директорка за Западен Балкан, во рамките на генералниот Директорат за соседство и проширување во Европска Унија, (ДГ НЕАР).

„Остваривме значаен напредок на сите полиња, имплементацијата на реформите во наредниот период ќе се интензивира и Македонија во 2018 година подготвена ќе ги дочека клучните датуми за нашите европски интеграции“, информитрал Османи.

Тој ја презентирал имплементацијата на планот „3-6-9“, реформите на безбедносните служби и на јавната администрација, реформи во правосудството, а очекувањата на Владата се дека, заедно со Собранието, потребните реформи ќе бидат имплементирани заклучно со февруари, пред излегување на стратегијата за проширување на Европската комисија.

На средбата со Калавера се разговарало и за искористувањето на средствата од ИПА, како и напредокот на т.н. ИПА мастер-план кој се подготвува во соработка со Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

„Имавме исклучително успешна апсорпција на ИПА средствата во 2017 година, и најмалку што очекувам е во 2018 да продолжиме со исто темпо, но и да обезбедиме унапредување на капацитетот на ИПА-структурата, што ќе овозможи уште поголема искористеност на средствата од ИПА и директно ќе влијае на приближувањето на Македонија до стандардите и вредностите на ЕУ“ – истакна Османи.

Слични содржини