Османи: Разочарани сме и гневни кон пратениците кои го разгореа огнот и избегаа

од Vladimir Zorba

Демократската унија за интеграција го поздравува изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието како прв и неопходен чекор за формирање на новата реформска Влада, рече портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Тој истакна дека неговата партија го осудува вандалското насилство врз пратениците и дека бараат мерки врз оние кои потфрлиле во Министерството за внатрешни работи.

-Бараме сите страни, вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ да придонесат во подобрување на состојбата и да го осудат крвопролевањето во Собранието. Изразуваме разочарување и гнев кон тие пратеници кои го разгореа огнот и избегаа,рече Османи.

Портпаролот на ДУИ посака брзо опоравување на пратениците и брзо враќање во политиката на лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села.

Слични содржини