Османи: Се разговара на сите нивоа, мора да донесеме правилна одлука

од Vladimir Zorba

Разговорите се водат на сите нивоа, се разгледуваат аргументите за и против, но сè уште не е свикано Централното претседателство на ДУИ, изјави нејзиниот портпарол, Бујар Османи, предмалку пред новинарските екипи во седиштето на партијата во Мала Речица.

– Знаеме дека е кус рокот, ама ги разгледуваме сите аргументи, зошто мора да донесеме правилна одлука за иднината на земјата – рече тој.

Османи додаде дека се разговара со сите политички партии, но прашањето на одлука во ДУИ е која опција ќе ја избереме.

„Во ДУИ правиме анализи за и против за аргументите за секоја опција, сè уште немаме одлука, претседателот прави анализи со членовите на партијата во сите нивоа и со луѓе кои не се од ДУИ, но моментално немаме одлука.“ – изјави Бујар Османи, Портпарол на ДУИ/извори Мета и Алсат М

Слични содржини