Основачот на Facebook на породилно отсуство

од desk2

Основачот на Facebook Марк Цукерберг, објави денеска дека ќе земе два месеци отсуство од работа по раѓањето на неговата втора ќерка, јави Reuters.


Тој вели дека ќе ја искористи приликата како татко да земе „породилно“ и тоа на делови. Еден месец сега, еден месец во декември.

„Ќе бидам еден месец со Присила, а потоа ќе се вратам на работа, па повторно во декември со семејството“, напиша еден од најбогатите луѓе на денешницата.

Двојката веќе имаат една ќерка која се роди во 2015 година.

Слични содржини