Емил Димитрев дава исказ во СЈО за случајот „Талир“

од Vladimir Zorba

Дел од осомничените во случајот „Талир“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство за незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска се повикани на распит во СЈО.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен технички премиер Емил Димитриев претпладнево во 11 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде според информациите треба да даде исказ во врска со случајот „Талир„.

Димитриев во СЈО дојде со адвокатот Никола Додевски кој ги застапува поголемиот дел од осомничените во случаите што ги води СЈО.

Како што дознаваме СЈО доставило покани до сите 14 осомничени во „Талир“ да дојдат на распит. Првоосомничен во случајот е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски.

Случајот „Талир“ се однесува на истрага за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

„Талир“ е прва истрага за перење пари кој беше објавен на прес-конференција Специјалното јавно обвинителство. Како што рече обвинителката Фатиме Фетаи тоа е истрага за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, односно постои основано сомневање дека „првоосомничениот, како претседател на партија“, иако ги знаел прописите, сепак ги прифатил незаконските средства за финансирање, не ги вратил и овозможил незаконско финансирање на партијата.

Доказите на СЈО, според Фетаи, упатуваат на основано сомневање дека првоосомничениот формирал група лица кои собраните средства ги внесувале на жиро сметка на партијата и правеле уплати на име на членови на партијата.

talir finansii

Обвинителката Ленче Ристоска истакна дека политичката партија во 2009 година добила донации во износ од 338.211 евра, односно дека во просек дневно биле уплатувани по 28.184 евра. Во 2013 година, партијата за шест дена добила донации во висина од 185.040 евра, односно дневно добивале донации од по 30.840 евра. Некои од трансакциите биле вршени на секои 20 секунди./извор Мета

 

Слични содржини