Оставка на директорот на МЖ Транспорт

од desk2
Директорот на Македонски железници – транспорт, Никола Костов поднесе оставка, потврдуваат од владата. Епилогот следува откако цела недела вработените во железници протестираат поради неисплатени плати.
Иако владата донесе одлука за зголемување на средствата кои железници ги добиваат на годишно ниво од околу 90 милиони денари, исплатата ја услови со враќање на работниците на работа. Железничарите велат дека ниту некој ги информирал, ниту добиле пари. Не отстапуваат се додека во целост не биде исплатена јануарската плата.

Слични содржини