Главниот и одговорен уредник на 24 Вести, Гоце Михајлоски, си поднел оставка од позицијата. Тој причините за ваквиот потег ги образложи преку Фејсбук.

goce-mihajlovski-540x355

„Бидејќи моето повлекување од позицијата Главен и одговорен уредник предизвика интерес во дел од јавноста, должам кратко објаснување. Секој има право на различно мислење. Не секој носи одлуки. Со менаџментот понекогаш сме имале различни мислења за дел од програмата, но тоа не е ниту главната, ниту единствената причина за моето повлекување. Сепак во животот постојат и други приоритети освен градењето кариера по секоја цена. На пример, слободното време е бесценето. Телевизија 24 Вести има голема доверба кај гледачите, поради својата објективност и независност. Сметам дека ќе остане на истиот пат, за кој се надевам мал удел дадов и јас претходната година. Да ме прашаа колегите ќе им го кажев ова“, напиша Михајлоски на Фејсбук.

Според информациите во јавноста, на позицијата в.д. главен и одговорен уредник на телевизијата е поставен новинарот Сеад Ризвановиќ.

И Михајлоски и Ризвановиќ работеа во А1 телевизија.

Слични содржини