126
Премиерот Никола Груевски вечерва ги прифатил оставките на минстрите Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски и директорто на УБК Сашо Мијалков .
Груевски како што јави РСЕ до Собранието доставил предлог за избор на двајца нови членови на Владата. Се предлагаат нови министри во министерствата за внатрешни работи и за транспорт и врски.
За нов министер за внатрешни работи се предлага Митко Чавков, а за министер за транспорт и врски Владо Мисајловски. Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, а Мисајловски е директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски седницата за избор на новите членови на Владата ја закажал за утре во 13 часот.