Оставките на министрите на Груевски  веќе се депонирани , а утре дефинитивно и ќе бидат објавени. Прв оставката ја предал министерот за внатрешни Митко  Чавков па  министерот за труд и социјала Диме Спасов u  заменичката министерка за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска.

spasovski-remenski-gruevski

За утре во 12 е закажна собраниската седница на која согласно договорот ќе бидат именувани новите  министри за внатрешни работи и труд и социјала Оливер Спасовски и Фросина Ременски,како и  замениците за информатичко општество  Александар Кираоцски ,  за финасии Кире Наумов и за земјоделие Љупче Николовски.

 

Собранискиот спикер Трајко Вељаноски денеска потврди дека  предлозите утре ќе се најдат пред пратениците.

На утрешната седница се очекува да биде пополнета и министерската позиција во Министерството за информатичко општество и јавна администрација, која остана испразнета по оставка на Иво Ивановскиа како што дознзаваме ќе го добие досегашната заменик минситерка Марта Арсовска-Томовска.

Претседателот, Ѓорѓе Иванов, ги потпишал указите на пакетот закони што вчера беа донесени во Собрание, а со кои се регулира имплементацијата на договорот од Пржино, информираат од неговиот кабинет. Законите ќе стапат на сила откако ќе бидат објавени во Службен весник.

На премиерот Груевски му остана  сега  и договорените министри да ги предложи до парламентот за Собранието да ги изгласа.

Слични содржини