Во српското општество и денес нема единствено мислење околу масакрот во Сребреница во 1995 година. Имало ли “народ од криминалци” и “народ од жртви”? И најмногу – имало ли геноцид? Споровите не стивнаа веќе 20 години.

0,,18557943_303,00

Пред десет години денешниот премиер на Србија, Александар Вучиќ, сеуште лепеше налепници со името на Ратко Младиќ по столбови и патни знаци. Тогаш тој учествуваше во симболична кампања за поддршка на поранешниот командант на босанските Срби, изведен пред воениот трибунал во Хаг под обвинение за геноцид. Во јули 1995 година српските војници и четници убија во тогашната заштитена зона на ОН Сребреница осум илјади мажи и момчиња. Злосторството беше квалификувано како геноцид од меѓународното право.

Токму околу ова прашање во Србија повторно се разговара во последните неколку недели. Премиерот Вучиќ, кој пред 7 години дојде на власт како застапник за европската интеграција на земјата, исто така одбива да го признае злосторството геноцид. “Во Србија е најраспространето мислењето дека случувањето во Сребреница е воено злосторство, но не и геноцид”, вели Филип Швам, новинар во српскиот неделник “Време”. Ниту еден српски политичар досега не го користел зборот геноцид за случката во Сребреница.

Долги години претставниците на српската политика и правда воопшто и одбиваа да бараат одговорност од нарачателите на ова кривично дело. По засилен притисок од Брисел, во 2008 и 2011 година сепак беа приведени двајцата високи српски претставници: поранешниот претседател на Република Српска во Босна Радован Караџиќ и поранешниот командант на армијата, генерал Ратко Младиќ. Елспертите сугерираат дека само со помош на српските безбедносни сили двајцата успеале да се кријат толку долго време. Притворот предизвика остри протести меѓу националистичките кругови на Србија, кои на некои места дури преминаа во насилство.

Поклонување пред невините жртви

0,,18562465_401,00
Сите овие тези меѓувреме престанаа. На прес-конференција, кија се пренесуваше во живо на телевизија, српскиот премиер Вучиќ дури и изјави дека е подготвен да се поклони и да им оддаде почит на невините жртви од Сребреница. И до денес, сепак тој се уште не одлучил дали ќе учествува во комеморацијата за загинатите во Сребреница на 11 јули. Српската влада одбива да ја прифати предложената од Велика Британија резолуција, која ќе го осуди масакрот во Сребреница како геноцид. Белград смета на тоа дека Русија ќе ја блокира во Советот за безбедност на ОН иницијативата на Лондон.

Ниту едни српски политичар не треба да учествува во одбележувањето на 11 јули во Сребреница, бидејќи тоа значи целиот српски народ да биде признат како сторител на геноцид – објави белградскиот студент по политички науки Ненад Узелац и започна петиција, која во меѓувреме беше потпишана од стотици студенти во Србија и во Република Српска. Според Узелац, во Сребреница воопшто немало геноцид, бидејќи жените, децата и постарите луѓе биле поштедени.

Писателот и блогер Владимир Табашевиќ воопшто не се изненадува дшто во Србија се уште има луѓе кои размислуваат на овој начин. Тој наведува дека политичарите и од двете страни се обидуваат да ја инструментализират Сребреница и да ги претстават Србите како “народ од криминалци”, а босанските муслимани како “народ од жртви”. Така политичарите создаваат вештачки национален антагонизам, за да ги избегнат непријатните разговори околу некои остри сегашни проблеми како работните места и лебот “, вели тој.

И во Србија сепак постојат луѓе кои се убедени дека без расветлувањето на минатото не може да се гледа кон иднината. Новинарот Душан Масиќ силно ги возбуди духовите кога ги повика сонародниците кон симболична акција на денот на годишнината од масакрот: тој ги повика да дојдат пред парламентот и да протестираат пред него, за да потсетат на жртвите од Сребреница. Поканата е упатена и до политичарите, но засега има само неколкумина претставници на опозицијата, кои потврдиле дека ќе се вклучат во акцијата. Од владејачките нема да учествува никој – министерот за внатрешни работи на пример изјави на телевизија дека целата акција му изгледа премногу “сомнителна”.

Слични содржини