Осуммина загинати при уривање на воен авион на Куба

од Vladimir Zorba

Кубански воен авион се урна во провинцијата Аремиса, во западниот дел на Куба, при што загинаа осум војници, соопшти Владата.

Во соопштение армијата наведува дека авион Ан-26, од советско производство, полетал од аеродромот Плаја Баракоа и се урнал во близина на градот Канделарија, оддалечен 65 километри.

Формирана е специјална комисија која ќе ги истражува причините за несреќата.

Медиумите претходно јавија дека се урнал патнички авион од овој тип, во кој се наоѓале 39 лица.

Слични содржини