Бројката од 200 илјади до половина милион спорни гласачи во Македонија, која протече во јавноста, наспроти тактизирањата на ДИК со (не)објавувањето на експертскиот извештај од вкрстената проверка е новиот заплет по политичката, медиумската и уставната криза во држававадик врата

Државната Изборна Комисија не успеа нисиноќа, а веројатно и на новото продолжение , да го усвои извештајот за спорните гласачи. Седницата е одложена но без  да се прецизира нов термин за нејзино одржување. Стартот на седницата синоќа се одлагаше неколку пати за на крај од ДИК да известат дека седницата дефинитивно  се одлага.

Очекувањата  беа дека ќе се разгледа и усвои извештајот од проверките и статистичките анализи, вкрстените проверки на различни бази на податоци но и да се одлучи колку од спорните гласачи теренски ќе се проверуваат. Според одредени информации, токму бројката на гласачи кои треба да се проверат од врата на врата била причина поради несогласувањата на дел од партиските членови во ДИК.Тука во политичките пазарења во комисијата очигледно некој се утнал.

Јасно е дека во оваа ситуација се усојузиле претставниците на партиите на Албанците  и владеачката ВМРО ДПМНЕ, и дека се против бројката која треба да се проверува, велат извори од ДИК за локално.мк

СДСМ се јасни и прецизни  и не дозволуваат „шминка проверка“ и мора да се расчисити докрај, во спротивно СДСМ ги повлекува своите членови,  и нека повелат   останатите и натаму на затворени средби и седници да си прават пазари  „нати-дајми“.

Експертската јавност посочува две клучни грешки на ДИК се затвореноста и наместо јавни седници затворена работа на ДИК,  грешката  е и со затворањето на он лајн проверката и достапност на јавноста до избрачкиот список.Тоа требаше да ди продолжи , граѓаните сами ке си уведеа кој е вишок,  кој е фантом, кој починат или вистински гласач.Тоа ќе олеснеше, ама не и одговараше на власта и албанскиот табор па ДИК го тргна од јавноста.дикк

Извештаите се тие, бројките застрашувачки  и јасно е дека  ДИК и  нејзиниот претседател сега се заплеткаа, и дека  се ова може да биде сериозно прекршување на целиот процес. Се комплицира особено што СДСМ и лидерот Заев немаат никаква реззерва во решеноста да се повлечат, ако не се извадат бројките и договри целосно  теренско прочистување,   и нема да учествувааат ниту во ДИК ниту на избори со таков список.

Меѓунаородната заедница  веројтано сега повторно ќе мора да влезе многу повеќе,од поддршка со изјави на амбасадорите и вербата која ја декларираат.  Очигледно е дека  нешто не штима во ДИК.

Се гледа дека има притисоци и наместо бројки за  бришење, излегоа повторно  бројки за  пазарења . На ред се гаранторите, камерите и јавноста.

 Имаме и нова ситуација по вкрстените испитувања и извештаите. Основниот елемент за потврда на кредибилноста на минатите изборни циклуси и за создавање простор за фер натпревар во иднина сега е доведен на ниво на апсурд.

Сега веќе никој нема дилема дека , ако тоа се е точно со бројките,  ние всушност имаме нелегитимна Влада, Парламент, Претседател на држава, и особено кога станува збор за бројките нелегитимни градоначалници и локална власт. И така веќе е појасно зошто се одлага седницата на ДИК и што се подотвара со податовите од вкрстувањето на базите и избирачкиот список.  Сега станува јасно и зошто се одлагал пописот, и дека Македонија има малку поголем проблем од денот на изборите, или она шеретското „ Ајдете на избори – кој се плаши од избори“ !

Слични содржини