Откриен датумот за излегувањето на деветтиот дел од „Војна на ѕвездите“

од Vladimir Zorba

“Дизни” и “Лукасфилм” го објавија датумот на кој во кината ќе излезе деветтата и најверојатно последна епизода од сагата “Војна на ѕвездите”. Последната лента, која сè уште нема наслов, ќе излезе на 24 мај 2019 година. Тоа е речиси една година и половина по излегувањето на големиот екран на осмиот дел “Последните џедаи” на 15 декември 2017 година. На крајот на минатата недела беше објавен и првиот официјален Трејлер на филмот, како и официјалниот постер. Во нив обожавателите на серијата можат повторно да ги видат главните ликови од “Враќањето на џедаите” – Реј, Кајл Рен и Лук Скајвокер.

Досега не се знае многу за деветтиот дел, освен тоа дека тој ќе биде дело на режисерот на “Јура свет” Колин Тревороу, а сценариото е дело на Дерек Коноли. Се очекува сликите да започнат во јули оваа година.

Во исто време од “Дизни” ги открија и датумите за излегување во кината и на продолженија на други нивни култни филмови. На 10 јули 2020 година ќе излезат уште дел од филмовите за Индијана Џонс. Во неа повторно ќе учествува и Харисон Форд, кој во тоа време треба да има 77 години. На 27 ноември 2019 година, пак, ќе излезе продолжението на “Замрзнатото кралство”.

Слични содржини