Откриен еден од најголемите дијаманти на светот

од desk2

Британската рударска компанија Gem Diamonds, соопшти дека неодамна во Лесото ископала дијамант од 910 карати, кој се смеата за еден од петте најголеми откриени дијаманти во светот.

Дијамантот, ископан од многу плодниот рудник Летсенг, може да вреди 33 милиони евра, оцени аналитичарот Бен Дејвис, од инвестициската компанија Либериум капитал.

„откако Gem diamonds се стекна со правата над рудникот Летсенг во 2006 година, компанијата ископа неколку големи и најинтересни дијаманти на светот“, вели генералниот директор на фирмата Клифорд Елфик.

Според него, дијамантот е со исклучителна чистота и до сега е најголем дијамант ископан во рудникот во Лесото, африканска земја која е една од најсиромашните во светот.

Најголем дијамант на светот е Кулинан со 3.106 карати, кој е пронајден во 1905 година во Јужна Африка.

Слични содржини