Сомнителни заеми, провизии, конфликт на интереси и значително надуен профит се дел од обвинувањата насочени кон македонската подружница на градежниот титан Алпине Бау во две ревизии кои денес за прв пат ги објави Балканската истражувачка репортерска мрежа.

water supply building 320

Драматичниот банкрот на Алпине Бау во јуни 2013 година беше резултат на токсичен коктел од несоодветно управување, вратоломна експанзија на странски пазари, отсуство на систем на внатрешна контрола и баланс и бројни финансиски нерегуларности.

Тоа никаде не беше толку очигледно колку во Македонија, каде компанијата израсна во една од најголемите градежни компании во земјата и за седум години доби државни договори во вредност од 70 милиони евра и воспостави тесни врски со високи државни службеници.

Новите документи, кои денес за прв пат се објавуваат, откриваат шокантни детали за матните зделки на една од најугледните европски градежни фирми на Балканот.

Само во периодот помеѓу 2010 и 2012, четири милиони евра се доделени на компании во сопственост на повисокото раководство на Алпине Бау во Македонија преку сомнителни договори.

Истите фирми добивале заеми без никаков надомест кои не биле отплатени, додека за една компанија за поправка на автомобили поврзана со нив дури бил изграден и сервис речиси за без пари.

Дополнителни 2 милиони евра биле исплатени на други фирми без очигледен резултат, вклучувајќи големи исплати на хотелски и текстилни фирми за истиот технички извештај за изградба на патишта.

Иако извештаите не откриваат докази за корупција, ревизорите бележат дека подизведувачите одобриле исплати на „провизии“ на подружницата на Алпине Бау.

БИРН исто така дознава дека македонската финансиска полиција истражува можни злоупотреби, иако одби да даде повеќе детали.

Разобличување
Алпине Бау стана водечка градежна фирма на Балканот во 2000-ите, а само нејзината македонска подружница, Алпине Бау ГмбХ Скопје успеа да обезбеди низа лукративни договори во седумте години пред падот на компанијата во 2013 година.
Банкротот е забележан како најголем во Австрија од 1945 година и зад себе остави мноштво незавршени проекти, 15 000 отпуштени лица и бројни неисплатени подизведувачи.

Алпине Бау ги има изградено некои од најголемите инфраструктурни проекти на денешницата –од стадиуми за светски фудбалски првенства, преку балкански автопати до грандиозната евровизиска сала во Азербејџан.

Повеќе ТУКА

Слични содржини