Бактеријата Akkermansia muciniphil, која живее во човечките црева, може да е клучот за олеснување на контролата на телесната тежина.Fast-Weigh-1 (1)

Тоа го тврдат француски истражувачи од париската болница “Питие-Салпетриер”.

Според нив станува збор за бактерија која претставува помеѓу 3 и 5 проценти од сите бактерии во човечките црева. Таа се поврзува со диети, богати со растителни влакна, како и со ниска концентрација на шеќери и масти во крвта.

Таа го намалува ризикот од дебелеење, дијабетес и болести на срцето велат научниците. Нивните наоди покажуваат дека Akkermansia muciniphil би можела да се користи во третманот на болести на метаболизмот.

Овие податоци биле собрани по тестови врз 49 луѓе со прекумерна тежина.

Слични содржини