Откриени нови 467 милиони хектари шуми

од desk3
При анализа за распоредувањето на шумите на планетата пронајдени се нови 467 милиони хектари неоткриена шума. Ако се спореди оваа површина практично, тоа би било околу 60 проценти  од територијата на Австралија, пишува  Daily Mail.


Ова откритие ги зголемува постоечките капацитети на шуми за околу 9 проценти  и значајно ги намалува проценките за тоа колку јаглерод диоксид  користат растенијата за својот опстанок. Новите шуми се пронајдени при пребарувањето на сушните области во Африка, околу Средоземјето, централна Индија , брегот на Австралија и на западот на Јужна Америка. Своето истражување го објавиле во списанието  Science. 

Студијата ги зголемува проценките на резерви  на јаглеродот во шумите на планетата за 15 гигатони, што е пораст за 20 проценти  во однос на претходните проценки.

Слични содржини