Откриени последиците од судирот помеѓу големииот и малиот Магеланов облак

од Vladimir Zorba

Астрономи од Северниот католички универзитет на Чиле во Антофагаста ги претставија последиците од судир помеѓу големиот и малиот Магеланов облак, соопшти Лента. Излегува дека интеракцијата помеѓу галаксиите доведе до појава на нови ѕвезди.

Магелановите облаци се сателити на Млечниот пат и се оддалечени од него на растојание 160.000 светлосни години. Пред околу 200 милиони години двете галаксии се доближиле доволно една до друга, за да може гравитациската интеракција помеѓу нив да влијае врз процесот на ѕвездообразувањето.

За да разјаснат последиците од судирот меѓу двете галаксии, научниците се зазеле со пребарување на неодамна родени ѕвезди во периферијата на Големиот Магеланов облак. Така биле откриени 6 вселенски објекта кои се формирале пред околу 50 милиони години, а тоа според астрономските стандарди ги прави млади. Притоа предметните небесни тела се наоѓаат во област населена претежно со стари ѕвезди.

Според мислењето на научниците, поставеноста на откриените нови млади ѕвезди надвор од центарот на Големиот Магеланов облак наведнува на мислата дека при меѓудугалактичкиот судир во двете галаксии се активирале процеси поврзани со формирање на нови вселенски објекти.

Резултатите од истражувањето се објавени во Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.

Слични содржини