Во зградата на бриселскиот аеродром “Завентем” било откриено оружје по нападот, пренесе Belga, повикувајќи се на анонимен извор.

Информацијата не е потврдена од властите. Според некои белгиски медиуми најден е автомат “Калашников”, како и трета неексплодирани бомба во фоајето на аеродромот.

0000296879-article2

Полицијата во Брисел врши претрес во врска со нападите, јави RTBF, повикувајќи се на извори од правосудството.

Во моментов полицијата трага активно по луѓе осомничени за учество во нападите.

Терористичката група “Исламска држава” ја презеде одговорноста за денешните експлозии во Брисел. Т- соопшти белгиското издание Nieuws Blad, повикувајќи се на курдската новинска агенција Rudaw.

Екстремистите се шират е изјава за новинската агенција “Амак”, објавена на египетските медиуми.

Во коминикето терористите не откриваат никакви детали за нападите. Тие сепак се закануваат со нови напади во Европа.

Ројтерс јавува дека поддржувачите на ИД ги фалата нападите во Брисел во социјалните медиуми.

“ИД ќе ве натера да размислите илјада пати пред да се осмелите да убиете повторно муслимани”, вели еден поддржувач на ИД на Твитер.

Серија терористички напади потресоа Брисел денес. Околу 8 часот по локално време на аеродромот “Завентим” избувнаа две експлозии. По околу еден час имаше експлозија и на метростаницата “Малбек”.

Белгиското обвинителство потврди дека при координираните напади загинаа 28 лица, а 90 лица се повредени.

Слични содржини