Отстранети шаторите од пред Собрание

од desk4

Само неколку часа по поставувањето на шаторите пред Собрание од страна на здружението „Семакедонски национален совет“, тие беа отстранети.

Претходно од здружението порачаа дека нема да си заминат од таму сè додека не се повлече законот за употреба на јазиците.

„Овие протести почнуваат од вечерва и ќе бидат константни. Ќе се обидеме институционално да го решиме проблемот. Поднесовме два документи, едниот до Уставниот суд во кој што бараме да се произнесе за законот за двојазичност и да ја стопира постапката во собрание, а вториот документ е поднесок до Јавното обвинителство со барање за утврдување на кривична одговорност за пратениците заради ставање во собраниска процедура на законот за двојазичност“, изјави Страшко Олумчев.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, денеска ја одложи шестата седница закажана за утре на која на дневен ред беше второто читање на предлог-законот за употреба на јазиците.

„За датумот на одржување на седницата ќе бидете дополнително информирани“, соопштија кусо од КЕП, без да ги наведат причините за одложувањето./a1on

Слични содржини