Отсуството на Мијалков ја одложи „Тортура“

од Vladimir Zorba

  Судењето за  предметот на СЈО „Тортура“ е одложено за 7 мај бидејќи на денешното рочиште не дојде овинетиот поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков .

Во Судот, како што беше кажано, не е добиен доказ за уредна достава на покана за Мијаков за денешното  рочиште.

Обвинителите од СЈО побараа поканата на Мијалков да му се доставува во четвртоците, кога тој се пријавува во Кривичниот суд.

Адвокатот Љупчо Шврговски рече дека Мијалков имал друга адреса на која ќе му се достави поканата за судското рочиште. Додаде дека не ја знае точната адреса, но како што посочи, живее под Панорама на Водно

„Тортура“ се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Во „Тортура” обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.

Постапувајќи по жалбата на СЈО, Апелацискиот суд го преиначи првостепеното решение и го одобри обвинението против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Слични содржини