Отворен првиот спа центар за бебиња

од Vladimir Zorba

Во Австралија беше отворен спа центар за бебиња од два дена до 6 месеци, соопштува Mashable. Весникот забележува дека прв ваков центар е формиран во ЈАР.

Во Австралија на малите им се нуди сесија хидротерапија и масажа за 56 долари. Децата се ставаат во посебна гумена перница, која им помага да се одржи главичката над водата без напор.

Според директорот на центарот, Кавит Кумар, кој го раководи местото заедно со својата сестра Анита, водните процедури делуваат позитивно за здравјето и самодовербата на бебињата.

“Посетата ја намалува непријатноста при колики, помага и за рефлукс. Честите посети можат да ја подобрат и состојбата на кардио-васкуларниот и респираторниот систем “, рекла Кавита.

На страната на спа центарот во Instagram се потпишале над 15 илјади корисници.

Слични содржини